Билансот на жртвите од пожарите во Калифорнија, во САД се искачи на 66 лица

Во пожарите кои што ги зафатија северните делови на сојузната држава Калифорнија се пронајдени посмртните останки на уште 3 лица, со што бројот на жрвите се зголеми на 63 лица, а во јужните делови бројот на загинатите се покачи на 3 лица

Билансот на жртвите од пожарите во Калифорнија, во САД се искачи на 66 лица

Бројот на загинатите во шумските пожари коишто продолжуваат во сојузната држава Калифорнија во САД, се зголеми на 66 лица.

Кори Хонеа, шерифот на регијата Бут на одржаниот состанок за претставниците на печатот истакна дека во пожарите кои што ги зафатија северните делови на сојузната држава Калифорнија се пронајдени посмртните останки на уште 3 лица.

На тој начин бројот на жртвите во оваа област се зголеми на 63 лица

Хонеа истакна дека од 631 лице пак се уште не можат да се добијат информации.

Пожарите кои што продолжуваат во северните делови на сојузната држава Калифорнија и се проширени на површина од приближно 750 квадратни километри, воедно претворија во пепел и повеќе од 11 илјади куќи и други видови објекти.

Надлежни соопштуваат дека во пожарите кои што продолжуваат во јужните делови на сојузната држава пак бројот на жртвите се искачи на 3 лица. Во овдешните пожари беа претворени во пепел приближно 450 куќи.

Меѓу оние чии куќи беа зафатени од пожарите на југот се наоѓаат куќи и на светски познати ѕвезди.

Така меѓу познатите личности чии куќи целосно изгореа или беа оштетени се шкотскиот актер Џерард Батлер, пејачката Мајли Сајрус, глумецот Скот Баио, режисерот Гилјермо дел Торо, реалити шоу ѕвездата Ким Кардашијан, потоа актерката Алиса Милано и актерот Реин Вилсон.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп во сабота (утре) ќе ја посети сојузната држава Калифорнија каде што ќе се состане со загрозените, т.ј. лицата кои беа подложени на влијанието на пожарите.

 



Слични вести