Саудиското главно јавно обвинителство: Трупот на новинарот Кашикчи бил исечен на парчиња

Главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија истакна дека трупот на новинарот Кашикчи (Кашоги) бил исечен на парчиња и така бил изнесен од зградата на конзулатот

Саудиското главно јавно обвинителство: Трупот на новинарот Кашикчи бил исечен на парчиња

Саудиска Арабија призна дека новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) откако бил убиен во генералниот конзулат на земјата во Истанбул неговото мртво тело било исечено на парчиња и така било изнесено од зградата на конзулатот.

Главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија даде изјави во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги).

Саудиското главно јавно обвинителство наведе дека во извршеното убиство на 2 октомври во Генералниот конзулат во Истанбул причина за смртта на Кашикчи (Кашоги) биле кавга-борба и давање лек во смртоносна доза, а потоа трупот бил исечен на парчиња и така бил изваден од конзулатот.

Саудискиот главен јавен обвинител истакна дека наредбата за смрт била издадена во конзулатот и дека продолжуваат работите за пронаоѓање на мртвото телото (трупот исечен на парчиња) на убиениот.

Тој нагласи дека Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) бил убиен откако биле неуспешни обидите да биде однесен во Саудиска Арабија и дека за убиството е побарано смртна казна за 5 лица од 11-те осомничени за замешаност во случајот.

Главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија наведе дека наредбата за смрт ја издал лицето кое се наоѓало на чело на екипата која дошла во Истанбул за да разговара со Кашикчи (Кашоги). 

Од страна на саудиското главно јавно обвинителство воедно се вели дека едниот од осомничените ги расипал безбедносните камери во конзулатот.

Во меѓувреме, е поведена истрага и во врска со Сууд ел-Кахтани, кој инаку е советник на саудискиот престолонаследник принцот Мухамед Бин Салман, и е донесена забрана за узлегување од Саудиска Арабија за ова лице.

 



Слични вести