Во вооружен напад во ноќен клуб во Калифорнија во САД заедно и со напаѓачот загинаа 12 лица

Американскиот печат соопшти дека во нападот се ранети 10 до 20 лица, меѓутоа во објавеното соопштение потоа од страна на безбедносни извори беше истакнато дека во нападот загинаа 11 лица, а напаѓачот е убиен во престрелка со полицијата

Во вооружен напад во ноќен клуб во Калифорнија во САД заедно и со напаѓачот загинаа 12 лица

Напаѓач отворил оган во еден ноќен клуб во сојузната држава Калифорнија во САД и притоа заедно и со извршителот на вооружениот напад загинале 12 лица.

Инцидентот се случил во еден ноќен клуб во градот Тусанд Оакс во сојузната држава Калифорнија.

Едно лице кое со автоматска пушка влегло во еден ноќен клуб почнал да пука наоколу. 

Американскиот печат соопшти дека во нападот се ранети 10 до 20 лица, меѓутоа во објавеното соопштение потоа од страна на безбедносни извори беше истакнато дека во нападот загинаа 11 лица.

Беше соопштено дека беше убиен и извршителот на нападот. 

Како што се вели, безбедносните сили и припадниците за итна состојба кои дошле на местото на настанот посакале од граѓаните да се оддалечи од областа.

Засега нема било какво соопштение во однос на тоа дали настанот што се случил во 11:20 часот според локално време, претставува терористички напад или не.

Извршителот на нападот кој влегол во престрелка со полицијата бил убиен на местото на настанот.

 



Слични вести