Трамп: САД работат одблизу со Турција и Саудиска Арабија во врска со убиството на Кашикчи

Трамп истакна дека САД работат одблизу со Турција и Саудиска Арабија во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и дека следната недела за тоа ќе разговара и со Конгресот

Трамп: САД работат одблизу со Турција и Саудиска Арабија во врска со убиството на Кашикчи

Американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот за претставниците на печатот во Белата куќа што го одржа по меѓуизборите за Конгресот одговараше и на поставените прашања во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Трамп истакна дека САД работат одблизу со Турција и Саудиска Арабија во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги) и дека дека следната недела за тоа ќе разговара и со Конгресот.

Доналд Трамп рече: „Во врска со ова прашање ќе разговараме следната недела и сме во блиска соработка со Конгресот. Работиме заедно, сите се интелигентни лица. Работите заедно со Турција и Саудиска Арабија. Создавам силна идеја по ова прашање.“

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка и потоа беше изгубена секаква трага од него.

Потоа властите во Ријад признаа дека Кашикчи (Кашоги) бил жртва на убиство во конзулатот, по што и Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул соопшти дека саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) бил убиен  според однапред подготвен план со тоа што веднаш штом влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул најпрвин бил задавен, а потоа неговото тело било распарчено и уништено.

 



Слични вести