Русија: „Резултатите од дополнителните избори за Конгресот на САД излегоа според очекувањата“

Ако се земе во предвид американската политичка практика, тогаш не е тешко да се претпостави дека поинакви резултати не можат да се очекуваат

Русија: „Резултатите од дополнителните избори за Конгресот на САД излегоа според очекувањата“

 

Русија соопшти дека резултатите од дополнителните избори за Конгресот на САД излегоа според очекувањата.

Советникот за надворешна политика на рускиот претседателски дворец Кремљ Јуриј Ушаков рече дека дополнителните избори за Конгресот на САД излегоа според очекувањата.

Ушаков направи проценка на неофицијалните избори во САД.

„Резултатите од изборите излегоа според очекувањата на мнозинството. Ако се земе во предвид американската политичка практика, тогаш не е тешко да се претпостави дека поинакви резултати не можат да се очекуваат“.

Во врска со влијанието на резултатите врз развојот на руско-американските односи Јуриј Ушаков рече дека „треба да почекаме и да видиме како ќе се одразат врз односите“.

Според неофицијалните резултати од дополнителните избори за американскиот Конгрес, Републиканската партија го сочува мнозинството во Сенатот, додека Демократите го освоија мнозинството во Претставничкиот дом.



Слични вести