САД: Ние остануваме приврзани кон пограничната безбедност на нашиот сојузник Турција

Заменик-портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино истакна дека САД остануваат приврзани кон пограничната безбедност на Турција како сојузничка земја, која е членка на НАТО и значаен партнер на коалицијата против ДЕАШ

САД: Ние остануваме приврзани кон пограничната безбедност на нашиот сојузник Турција

САД соопштија дека остануваат приврзани кон пограничната безбедност на Турција како сојузничка земја, која е членка на НАТО и значаен партнер на коалицијата против ДЕАШ.

Заменик-портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино на одржаниот брифинг за печатот во Стејт департментот пред исклучени камери истакна дека САД се загрижени за реализацијата на напади од било која страна врз северниот дел на Сирија, а како што рече поради тоа што постои можност таму да се наоѓаат и американски војници.

Паладино рече: „Во врска со безбедносните грижи на Турција подобар приод е да се работи во координација и консултација меѓу САД и Турција.“

Изнесувајќи ја како пример патната карта за Менбич, Паладино истакна дека САД и Турција ги продолжуваат координацијата и консултациите и активно ги продолжуваат заедничките обуки.

На едно поставено прашање во врска со тоа дека поради гранатирањето од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на позициите на терористичката организација ПЈД/ПКК во населеното место Ајн ел Арап (Кобани) кај градот Алепо оваа терористичката организација изјавила дека ќе престане да војува против ДЕАШ, заменик-портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино одговори со следните зборови: „Турција е членка на НАТО и значаен партнер на коалицијата против ДЕАШ. Ние остануваме приврзани кон пограничната безбедност на нашиот сојузник.“

 



Слични вести