Предупредување од САД до Иран пред ставање во примена на санкциите на 4 ноември

Стејт департментот вчера на својата сметка на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со санкциите врз Иран кои што ќе почнат да се спроведуваат против оваа земја од 4 ноември

Предупредување од САД до Иран пред ставање во примена на санкциите на 4 ноември

Американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) потсетувајќи на 6-от член од 12-те услови кои што се бараа да ги исполнат властите во Техеран во рамките на санкциите врз Иран истакна дека иранскиот режим треба да го почитува суверенитетот на Ирак.

Стејт департментот вчера на својата сметка на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со санкциите врз Иран кои што ќе почнат да се спроведуваат против оваа земја од 4 ноември.

Во соопштението на Стејт департментот се вели следното: „На 6 дена пред да стапат во сила санкциитеова е шестиот услов што се бара од иранскиот режим за да делува како нормална држава: Иранскиот режим треба да покажува почит кон суверенитетот на ирачката влада и треба да дозволи шиитските милициски сили да го остават оружјето, да се расформираат и да се реинтегрираат.“

Инаку, американскиот државен секретаријат претходно им достави 12 услови на властите во Техеран и истакна дека се додека не бидат исполнети овие наведени услови ќе бидат ставени во примена нови санкции.

По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговата земја се повлекува од постигнатиот нукеарен договор со Иран во 2015 година, американскиот државен секретар Мајк Помпео ги соопшти 12-те услови кои што ги бараат САД од Техеран.

 



Слични вести