Повик од СБ на ОН до сите страни за конструктивна, отворена и креативна работа за Кипар

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за решавање на кипарскиот проблем упати повик до сите страни без задоцнување да се нафатат на конструктивна, отворена и креативна работа

Повик од СБ на ОН до сите страни за конструктивна, отворена и креативна работа за Кипар

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за прв пат го разгледа на затворена седница извештајот на генералниот секретар на ООН Антонио Гутерес за Кипар.

Советот за решавање на кипарскиот проблем  упати повик до сите страни без задоцнување да се нафатат на конструктивна, отворена и креативна работа.

По седницата претседавачот со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) Сача Серџио Лоренти Солиз истакна дека заменик-генералниот секретар на ОН одговорен за политички прашања Розмари ДиКарло го информирала Советот во врска со извештајот на Гутерес за Кипар.

Претседавачот со Советот за безбедност за месец октомври Солиз рече дека Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го поддржува обемното решение на Кипар кое што ќе биде во усогласеност со резолуциите на ОН, ќе биде со две заедници, бизонално (со два дела) и за кое што ќе биде преговарано.  

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во објавеното заедничко соопштение по седницата упати повик до сите страни на Кипар за решавање на кипарскиот проблем без задоцнување да се нафатат на конструктивна, оторена и креативна работа, во правец на предлозите внесени во извештајот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Инаку, генералниот секретар Антонио Гутерес во неговиот извештај за Кипар што го достави до Советот за безбедност на ОН на 15 октомври ја изнесе констатацијата дека лично верува оти сеуште се живи надежите за постигнување на обемно решение помеѓу двете заедници на островот.

Велејќи дека земјаќи ги во предвид барањата во однос на преговорите и на двете страни „за понатамошниот процес треба да се биде добро подготвен со чувство на итност“, Гутерес во овој негов извештај прокоментира дека за да може да се добие резултат од еден нов обид „може да има потреба од нови идеи“.

Освен тоа Антонио Гутерес во неговиот извештај побара од страните пред да започна наново целосните преговори страните да се договорат по прашањето на „почетната точка“.

Изнесувајќи ја проценката „Уште еднаш повторувам дека и двете заедници треба да ги искористат природните извори на Кипар и во неговата околина“, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во овој негов извештај истакна дека природните извори треба да ги поттикнуваат страните на заедничка работа по прашањето на изнаоѓање на взаемно прифатливо и трајно решение.

 



Слични вести