Експлозија во градот Архангелск пред влезот на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ)

Според објавеното соопштение од Националниот Комитет за борба против тероризмот, пред влезот на зградата на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) во градот Архангелск утрово во 08:52 часот дојде до експлозија

Експлозија во градот Архангелск пред влезот на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ)

Во градот Архангелск во северозападниот дел на Русија пред влезот на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) од страна на 17-годишно момче е реализиран терористички напад со бомба.

Според објавеното соопштение од Националниот Комитет за борба против тероризмот, пред влезот на зградата на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) во градот Архангелск утрово во 08:52 часот дојде до експлозија.

Во соопштението се вели дека според првични информации, едно лице кое влегло во зградата извадило непознат предмет од својата ташна и по извесно време дошло до експлозија во која лицето за кое станува збор го изгубило животот.

Исти извори ја споделија и информацијата дека во експлозијата биле ранети тројца вработени во Руската федерална служба за безбедност (ФСБ).

Во објавеното соопштение од Рускиот истражен комитет случајот е окарактеризиран како „терористички напад“.



Слични вести