Авионска несреќа во Индонезија: Досега од морето се извлечени мртвите тела на 24 лица

По авионската несреќа во Индонезија до која дојде вчера од морето досега се извлечени мртвите тела на 24 лица од вкупно 189 патници и членови на екипажот колку се наоѓаат во срушениот авион

Авионска несреќа во Индонезија: Досега од морето се извлечени мртвите тела на 24 лица

Досега се пронајдени мртвите тела на 24 лица од вкупно 189 патници и членови на екипажот кои се наоѓаа во индонезискиот патнички авион кој вчера кусо време по полетувањето падна во морето.

Патничкиот авион од типот Боинг 737 кој од аеродромот на Џакарта леташе за градот Пангал Пинанг на островот Суматра 13 минути по полетувањето падна во морето.

Агенцијата за борба против несреќи на Индонезија соопшти дека екипите за пребарување и спасување веднаш стигнале  на местото на несреќата и ги откриле остатоците на авионот.

Според веста на весникот „Темпо“ извлечените мртви тела на 24-те загинати лица во несреќата од морето во близина на областа Караванг во провинцијата Западна Јава биле однесени во полициската болница во индонезискиот главен град Џакарта.

Главниот лекар на болницата Доктор Мусјафак истакна дека поради тоа што телата на некои од загинатите лица биле распарчени во торбите со мртвите тела може да има повеќе од една жртва.

Во врска со работите за утврдување на идентитетот на загинатите во несреќата надлежни на болницата добија информации од 132-ве семејства на загинатите и истите надлежни упатија повик да дојдат во болницата и семејствата на останатите патници, а со цел доставување на информации и во врска со нивните блиски загинати во несреќата и интензивирање на постапката за идентификување на жртвите. 

Екипите за пребарување и спасување пронајдоа остатоци од срушениот патнички авион во морето, додека денеска се очекува нуркачи со техничка опрема да го пронајдат и трупот на срушениот авион.  

Освен тоа индонезиски функционери истакнуваат дека досега не се откриени никакви знаци за преживеани лица од несреќата.

Во срушениот патнички авион освен индонезиски граѓани, како што се вели се наоѓале и двајца патници со италијанско и индиско државјанство.

Инаку патничкиот авион од типот Боинг 737 МАКС во сопственост на Авиокомпанијата Лион вчера од индонезискиот главен град Џакарта полета за градот Пангкал Пинанг на островот Суматра и притоа 13 минути по полетувањето исчезна од радарот и беше изгубена врската со овој патнички авион, за кој што потоа беше соопштено дека паднал во морето заедно со своите 181 патник и 9 членови на екипажот.  

 



Слични вести