Во операциите на Интерпол во 93 земји запленети над 56 тони дрога

Од 17 септември до 8 октомври во светот беше извршена голема операција во борбата против дрогата наречена „Лионфиш (риба-лав)“

Во операциите на Интерпол во 93 земји запленети над 56 тони дрога

Во операциите на Меѓународната организација за криминалистичка полиција (ИНТЕРПОЛ) во 93 земји беа запленети над 56 тони дрога, а 1300 лица беа притворени.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ИНТЕРПОЛ беше истакнато дека од 17 септември до 8 октомври во светот беше извршена голема операција во борбата против дрогата наречена „Лионфиш (риба-лав)“.

Во операцијата во 93 земји беа запленети 35 тони кокаин, 5 тони хероин, 15 тони индиски коноп, 430 илјади таблети каптагон и 18 милијарди синтетички таблети дрога „јаба“.

Во операциите беа фатени и приведени 1300 лица, додека во Холандија беше откриена една тајна куќа во која се произведуваа синтетички пилули дрога.



Слични вести