Денес во посета на Турција ќе допатува Помпео

Американскиот државен секретар Помпео во Анкара ќе биде примен и од страна на претседателот Ердоган

Денес во посета на Турција ќе допатува Помпео

Денес во посета на Турција ќе допатува американскиот државен секретар за надворешни работи Мајк Помпео.

Портпаролството на американскиот Совет за национална безбедност соопшти дека по посетата на Саудиска Арабија во врска со саудискиот новинар Џемал Кашикчи од кого нема информации од 2 октомври наваму, Помпео ќе допатува во Турција.

Вчера Мајк Помпео ги заврши средбите во Саудиска Арабија, денес се очекува да пристигне во Анкара каде што ќе биде примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Американскиот државен секретар Помпео ќе оствари средба и со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.



Слични вести