ЕУ побара од саудиските власти транспарентна и обемна истрага за случајот со Џемал Кашикчи

Портпаролката на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маја Коцијанчич изјави дека официјален Брисел реалиизра голем број средби во врска со случајот со Кашикчи (Кашоги) и рече: „Нашата порака директно им ја доставивме и на саудиските власти“

ЕУ побара од саудиските власти транспарентна и обемна истрага за случајот со Џемал Кашикчи

Европската унија (ЕУ) своето очекување за спроведување на транспарентна и обемна истрага во врска со случајот со исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), го достави директно до саудиските власти.

Портпаролката на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маја Коцијанчич изјави дека официјален Брисел реалиизра голем број средби во врска со случајот со Кашикчи (Кашоги) и рече: „Нашата порака директно им ја доставивме и на саудиските власти.“

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини која за време на нејзината посета на Португалија исто така даде изјава по ова прашање истакна дека ЕУ очекува од саудиските власти да се спроведе транспарентна и обемна истрага во врска со случајот.



Слични вести