Предупредување од директорот на ФБИ во врска со Кина

На САД им се закануваат не само држави туку и други актери

Предупредување од директорот на ФБИ во врска со Кина

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ) Кристофер Врај истакна дека се наоѓаме во комплексен и долг период на низа разузнавачки закани од Кина.

Врај заедно со министерот за внатрешна безбедност на САД Кирстжен Нилсен и В.Д. директор за национална борба против тероризмот Траверс учествуваше на состанокот на Комитетот за внатрешна безбедност на Сенатот. Во говорот што го одржа во оваа прилика Врај рече:

На САД им се закануваат не само држави туку и други актери, рече Врај потенцирајќи дека Кина се обидува да открие голем број државни тајни на САД како што се трговски, иновативни и интелектуална сопственост.

Алудирајќи на кина, Врај рече: „За да ги постигнат своите цели, тие се закануваат со сајбер напади, странски инвестиции, откуп на компании и синџирот на набавка, низа нетрадиционални методи “

Активностите на Кина во сферата на економска шпионажа можат да се почувствуваат и негативно се одразуваат во сите области како и сите сектори на деловниот свет.

Кина претставува најсеопфатна, најкомплексна и најдолга разузнавачка закана со која се соочуваме од низа аспекти. Русија особено по распаѓањето на Советскиот Сојуз се обидува да ја сочува старата моќ. Додека тие се борат да егзистираат денес, кина се бори за иднината.

Како се приближуваат дополнителните избори во САД, Врај рече дека ФБИ се подготвуваат наспроти евентуалните надворешни интервенции врз изборите.



Слични вести