Кинезот кој се обвинуваше за шпионажа предаден на САД

Првпат во историјата на Белгија едно лице кое живее во странство и се обвинува за шпионажа беше предадено на САД

Кинезот кој се обвинуваше за шпионажа предаден на САД

Министерството за правда на САД од Белгија го зеде Кинезот кој се обвинуваше за вршење економска шпионажа во име на Кина и кој се обиде да ги украде трговските тајни на американските воздушни компании.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството беше истакнато дека припадникот на Министерството за национална безбедност на Кина (МСС) Јанџуин Ксу кој во рамките на обвинувањето за бавење со шпионажа беше фатен во Белгија, беше предаден на САД.

Во соопштението беше истакнато дека првпат во историјата на земјата едно лице кое живее во странство и се обвинува за шпионажа беше предадено на САД.

Во соопштението беше објавена и изјавата на заменик генералниот секретар за национална безбедност на САД Џон Демерс кој рече дека ова прашање не е исклучителен случај; тоа е дел од економските политики кои што Кина ги спроведува против САД. Не можеме да дозволиме другите народи да ги собираат плодовите на нашиот капитал и ум. Не можеме да дозволиме другите земји да ја соберат нашата жетва.

Минатата недела потпретседателот на САД Мајк Пенс ги обвини кинеските безбедносни установи за крадење на американската технологија.



Слични вести