Бомбашки напад во Киркук

Сеуште не се утврдени идентитетите на сторителите но покрај тоа полицијата започна сеопфатна истрага за фаќање на одговорните

Бомбашки напад во Киркук

Во експлозијата на бомбата што беше поставена на патот за Киркук во Ирак загина 1, а 4 лица беа повредени.

Директорот на полицијата на Киркук Али Кемал во изјавата за печатот рече дека на патот за Киркук во населбата Багдад експлодираше бомба.

Во експлозијата на бомбата загина 1, а 4 лица беа повредени, а исто така дојде до големо оштетување на куќите и деловните простори во околината.

Сеуште не се утврдени идентитетите на сторителите но покрај тоа полицијата започна сеопфатна истрага за фаќање на одговорните, рече Кемал.



Слични вести