При превртување на патнички траект во Танзанија животот го загубија 86 лица, а 42 лица се спасени

Гувернерот на провинцијата Мванза Џон Мангела истакна дека синоќа при превртување на патнички траект во езерото Викторија во Танзанија животот го загубија 86 лица, а 42 лица се спасени

При превртување на патнички траект во Танзанија животот го загубија 86 лица, а 42 лица се спасени

При превртување на патнички траект во езерото Викторија во Танзанија животот го загубија 86 лица, а 42 лица се спасени.

Гувернерот на провинцијата Мванза Џон Мангела истакна дека несреќата се случила синоќа.

Како што се вели до несреќата дошло на само 50 метри оддалеченост на патничкиот траект од брегот на езерото.

Велејќи дека може да се зголеми бројот на загинатите, Монгела рече: „Не би можел да претпоставам колку лица се наоѓале на траектот. Во моментов сме фокусирани на работите за спасување.“

Траектите и бродовите кои што превезуваат стотици лица и притоа не се одржуваат во Танзанија и претходно доведоа до големи несреќи.

Во несреќата со потонатиот патнички траект повторно во езерото Викторија во 1996 година животот го загубија повеќе од 800 лица, а во доживеаната несреќа истата година во близина на Занзибар загинаа приближно 200 лица.



Слични вести