ЈПГ/ПКК продолжува да ги малтретира и узурпира цивилите на териториите кои ги окупира во Сирија

Според локални извори, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК вовела забрана за излегување на улица во месноста Ел-Кубе и во 10 села во оваа област во близина на градчето Ајнулараб (Кобани) каде што мнозинството од населението е арапско

ЈПГ/ПКК продолжува да ги малтретира и узурпира цивилите на териториите кои ги окупира во Сирија

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК продолжува да ги прекршува правата на цивилите во подрачјата кои ги окупира во Сирија.

Според добиени информации од локални извори, ЈПГ/ПКК вовела забрана за излегување на улица во месноста Ел-Кубе и во 10 села во оваа област во близина на градчето Ајнулараб (Кобани) каде што мнозинството од населението е арапско. 

ЈПГ/ПКК ги затворила влезовите и излезите во и од центарот на месноста Ел-Кубе по чии улици шетале голем број терористи вооружени и со тешко оружје.

Припадниците на терористичката органзиација кои извршувале упади во куќите во месноста Ел-Кубе и околните села во последните два дена привеле 3 жени и 23-јца млади мажи кои ги обвинувале за соработување со Слободната сириска армија (ССА). 

Терористичката организација овие цивилни лица ги пуштила на слобода денеска.

Локални извори соопштуваат дека припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК реализирале упади во куќите на цивилите во месноста каде што во мнозинство живеат Арапи, ги тепале цивилите и им ги земале мобилните телефони, златниот натит и драгоцените предмети.

Инаку, месноста Ел-Кубе е позната како една од арапските области кои се противат на политиките на насилно иселување и окупација на терористичката организација.

Според пресметките на Новинската агенција Анадолија АА, приближно 28-насто од териториите на Сирија се наоѓаат под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

 



Слични вести