Делот во врска со ПЈД/ЈПГ во Сирија изваден од извештајот на САД „Тероризам-земји 2017 г.“

Делот во врска со ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК беше изваден од извештајот на американскиот државен секретаријат тероризам-земји за 2017 година што го објавува редовно секоја година

Делот во врска со ПЈД/ЈПГ во Сирија изваден од извештајот на САД „Тероризам-земји 2017 г.“

Американскиот државен секретаријат го објави извештајот „Тероризам-земји за 2017 година“ што го објавува редовно секоја година.

Делот во врска со ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК беше изваден од извештајот.

Во делот од извештајот за Турција се говори за Фетулахистичката терористичката организација ФЕТО, меѓутоа спротивно на минатогодишниот извештај овојпат не и беше одделено место на терористичката органзиација ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во делот за Турција во извештајот исто како и минатата година и годинава се истакнува дека „Турција ја дефинира ФЕТО како терористичка организација“, додека за водачот на ФЕТО Фетулах Ѓулен се употребува изразот „верска личност“.

Во извештајот се нагалсува дека Турција внатре води борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а надвор против терористичката организација ДЕАШ и привлекува внимание тоа што изразите кои што беа внесени во истиот извештај минатата година во врска со тоа дека „Турција ЈПГ ја оценува како продолжеток на ПКК“ во годинашниот извештај се извадени.

Се нагласува дека Турција со операцијата Еуфратски штит што ја реализира во 2017 година во Сирија против терористичката организација ДЕАШ во која беа неутрализирани 3.060 терористи, се нејзиниот придонес на коалицијата и со отворање на својот воздушен простор и особено со нанесениот голем удар врз ДЕАШ одигра активна улога во борбата против меѓународниот тероризам.

Се наведува дека Турција воведе забрана за влез за вкупно 53.781 лице од 145 земји кои се обиделе да влезат во земјата за да и се приклучат на ДЕАШ и воедно депортираше 5.446 лица за кои било установено дека се поврзани со терористичките групи. 

Во извештајот на американскиот државен секретаријат тероризам-земји за 2017 година се вели дека терористичките напади кои што се реализирани во светот се намалени за 23 насто и дека тоа произлегува од тоа што во голема мера е поразена ДЕАШ која често реализира напади во Ирак.

Според извештајот за 27 насто се намалени и човечките загуби во терористичките напади.

Во категоријата „Државни спонзори на тероризмот“ пак во извештајот се внесени земји како што се Иран, Судан, Сирија и Северна Кореја.

Во извештајот за наведува дека Северна Кореја со своето нуклеарно оружје освен тоа што им се заканува на регионот и на своите соседи, воедно е нарачател и на атентати на териториите на други земји, а во врска со Иран се изнесува следната проценка „Иран која од 1984 година е утврдена како земја која го поддржува тероризмот, освен либански Хезболах и терористичките групи во Газа поддржува и различни групи во Сирија и Ирак со што ги продолжи своите активности поврзани со тероризмот и во 2017 година.“



Слични вести