Соборувањето на рускиот авион нема да влијае врз договорите меѓу Путин- Ердоган во врска со Сирија

Дмитриј Песков рече дека овој настан нема да има никакво влијание

Соборувањето на рускиот авион нема да влијае врз договорите меѓу Путин- Ердоган во врска со Сирија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека соборувањето на рускиот авион Ил-20 кој заедно со 15-те војници исчезна од радарот во непосредна близина на базата Хмејмим во Сирија, нема да влијае врз договорите за Сирија кои беа постигнати на вчерашната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Песков одговараше на прашањата на претставниците на печатот во врска со евентуалното влијание на соборувањето на рускиот авион Ил-20 врз постигнатите договори меѓу Путин и Ердоган во врска со Идлиб.

Песков рече дека овој настан нема да има никакво влијание. Постигнатиот договор е многу значаен кој има определувачки карактер за иднината на Сирија, претставува одраз на силната волја и способност, поради што конечната цел на Москва и Анкара е постигнување компромисни и ефикасни решенија за Сирија.



Слични вести