Во Женева заврши консултациониот состанок за Сирија на Мистура со функционерите на група земји

По состанокот што се одржа во канцеларијата на ОН во Женева и траеше приближно 2 часа и 15 минути не беше објавено било какво соопштение од страна на специјалниот претставник Мистура и функционерите на земјите учеснички

Во Женева заврши консултациониот состанок за Сирија на Мистура со функционерите на група земји

Заврши консултациониот состанок по прашањето со Сирија што специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура го одржа со функционерите на Египет, Франција, Германија, Јордан, Саудиска Арабија, Англија и САД.

По состанокот што се одржа во канцеларијата на ОН во Женева и траеше приближно 2 часа и 15 минути не беше објавено било какво соопштение од страна на специјалниот претставник Мистура и функционерите на земјите учеснички.

Како што се дознава на состанокот на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура со функционерите на земјите наречени „мала група“, биле одржани консултации во врска со процесот за политичко решение, чекорите во правец на олеснување на формирањето на Уставниот комитет за Сирија и обемни прашања во овие сфери.

Делегацијата на САД на консултациониот состанок во Женева ја претставуваа специјалниот претставник за Сирија Џејмс Џефри и специјалниот амбасадор за Сирија на американскиот државен секретаријат Џоел Рајбарн, а Франција беше претставувана од специјалниот претставник на претседателот Емануел Макрон за Сирија Франсоа Сенемуд.

Од друга страна, портпаролката на ОН во канцеларијата во Женева Алесандра Велучи информира дека, специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура на 18 септември ќе го информира Советот за безбедност како за официјалните состаноци во врска со Уставниот комитет за Сирија кои што ги одржа со функционерите на гаранторските земји Турција, Русија и Иран на почетокот на неделата, така и за денешниот консултационен состанок.  

 



Слични вести