Во вооружен напад во Нигерија животот го загубија 11 лица, а повеќе од 20 лица се ранети

Неидентификувани лица отвориле оган врз група луѓе кои се собрале во селото Бадарава во провинцијата Замфара во северозападниот дел на Нигерија за да одат на кино при што загинале 11 лица, а повеќе од 20 лица биле ранети

Во вооружен напад во Нигерија животот го загубија 11 лица, а повеќе од 20 лица се ранети

Во вооружен напад во северозападниот дел на Нигерија животот го загубија 11 лица, а повеќе од 20 лица се ранети.

Во објавените вести во нигерискиот печат се истакнува дека од страна на неидентификувани лица бил отворен оган врз групата луѓе кои се собрале во селото Бадарава во провинцијата Замфара за да одат на кино.

Притоа во вооружениот напад загинале 11 лица, а повеќе од 20 лица биле ранети.

Ранетите лице биле префрлени на лекување во болница и беше соопштено дека била започната истрага во врска со случајот.

Инаку, во вооружените напади од месец јануари досега во истата провинција животот го загубиле приближно 400 лица, а илјадници лица биле принудени да ги напуштат своите домови поради овие напади.



Слични вести