Средба на високите функционери на Русија и Израел за безбедност

Во соопштението од Советот за безбедност на Русија се истакнува дека страните разговарале за состојбата по прашањето со Сирија, воспоставувањето на стабилноста и безбедноста на Блискиот исток и тројниот самит во Техеран меѓу Русија, Иран и Турција

Средба на високите функционери на Русија и Израел за безбедност

Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев се состана во Москва со претседателот на Советот за национална безбедност на Израел Меир Бен-Шабат.

Во објавеното соопштение од Советот за безбедност на Русија се истакнува дека страните разговарале за состојбата во и околу прашањето со Сирија, воспоставувањето на стабилноста и безбедноста на Блискиот исток и тројниот самит во Техеран на 7 септември на ниво на лидери меѓу Русија, Иран и Турција.

Во соопштението се додава и следното: „Николај Патрушев и Меир Бен-Шабат на разговорите привлекоа внимание осомено на проблемите во борбата против тероризмот и разменија мислења по прашањето на руско-израелската интеракција во сферата на безбедноста.



Слични вести