Гутерес во интервју за списанието „The Atlantic“ рече: Се намалува меката сила (софт пауер) на САД

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес даде интервју за списанието „The Atlantic“ каде што го употреби изразот „Се намалува меката сила (софт пауер) на САД“.

Гутерес во интервју за списанието „The Atlantic“ рече: Се намалува меката сила (софт пауер) на САД

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во интервју за списанието „The Atlantic“ истакна дека почна да се намалува влијанието на САД во светот и го употреби изразот „Се намалува меката сила (софт пауер) на САД.“

Алудирајќи на „трговската војна“ што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп со Кина без притоа да изговори било какво име, Гутерес ја изнесе констатацијата дека „САД денеска се бават со трговијата и други прашања. Денеска е помала заинтересираноста на американската јавност која претходно одигруваше доминирачка улога во меѓународните односи.“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во интервју за списанието „The Atlantic“  го сподели и следниот свој став: „Светот е поделен на парчиња и од крајот на Студената војна досега засега не е комплитиран поредокот под водство на Америка. Се оди кон период во кој се влијателни голем број сили. САД и светот треба да се навикнат на оваа нова состојба.“



Слични вести