Завршија состаноците посветени на Уставниот комитет за Сирија во Женева

По состаноците кои што траеја повеќе од 4 часа во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, Швајцарија, не беше објавено било какво соопштение од страна на специјалниот претставник за Сирија Стефан де Мистура и од земјите учеснички

Завршија состаноците посветени на Уставниот комитет за Сирија во Женева

Завршија официјалните состаноци меѓу специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и функционерите на гаранторските земји Турција, Русија и Иран посветени на Уставниот комитет за Сирија.  

По состаноците кои што траеја повеќе од 4 часа во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, Швајцарија, не беше објавено било какво соопштение од страна на специјалниот претставник за Сирија Стефан де Мистура и од земјите учеснички.

Како што се дознава Мистура во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на 18 септември ќе ги информира земјите членки на Советот во врска со одржаните разговори во Женева.

На состаноците во Женева кои што траеја во текот на два дена Турција ја претставуваше делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал, руската делегација од специјалниот претставник за Сирија Александер Лаврентиев и рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин, а иранската делегација заменик-министерот за надворешни работи Хусејин Џабири Енсари.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура во петокот ќе оствари разговори со претставниците на групата земји која се нарекува „мала група“, Египет, Франција, Германија, Јордан, Саудиска Арабија, Англија и САД.

Според добиени информации Мистура на состаноците што ќе ги одржи во петокот ќе оствари консултациони средби со „малата група“ земји во врска со остварените рзговори со гаранторските земји.

Во завршната декларација што беше објавена по состанокот на гаранторските земји посветен на Сирија во јули во Русија значајно место зазеде формирањето на Уставниопт комитет за Сирија.

Разговорите кои што се одржуваат под покривот на Обединетите нации (ОН) за ставање крај на граѓанската војна во Сирија која што продолжува повеќе од 7 години содржат 4 главни наслови како што се транзициската власт, уставот, одржувањето на избори и борбата против тероризмот.

 



Слични вести