Велика Британија: „Ја поддржуваме изјавата на Ердоган во врска со Идлиб“

Треба да направиме избор меѓу евентуалниот напад на режимот на Асад и Русија на Идлиб и предлогот на Турција за раздвојување на терористите и водење борба против терористите

Велика Британија: „Ја поддржуваме изјавата на Ердоган во врска со Идлиб“

Постојаната претставничка на Велика Британија во ОН Карен Пирс, алудирајќи на статијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган објавена во американскиот весник Волстрит џорнал посветен на Идлиб со Сирија рече: „Апсолутно се согласуваме со претседателот Ердоган“.

На барање на Русија, СБ на ОН одржа седница на која беа разгледани резултатите од средбата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани во петок во Техеран како и случувањата во Идлиб.

Постојаната претставничка на Велика Британија во ОН Карен Пирс во говорот на седницата рече:

Треба да направиме избор меѓу евентуалниот напад на режимот на Асад и Русија на Идлиб и предлогот на Турција за раздвојување на терористите и водење борба против терористите. Турција има план за Идлиб: додека силите на опозицијата водат борба против терористите, режимот нема да изврши напади врз опозицијата. Советот треба да разговара токму за ова прашање.

Карен Пирс, алудирајќи на статијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган објавена во американскиот весник Волстрит џорнал посветен на Идлиб со Сирија рече:

„Апсолутно се согласуваме со претседателот Ердоган“.

Американската постојана претставничка во ОН Ники Хејли рече дека Русија и режимот на Асад во нападите на Идлиб употребуваа барел бомби и ракети чија цел беа дури болниците.



Слични вести