Турција, Русија и Иран се договорија за формирање заедничка работна група за новиот устав на Сирија

На одржаните разговори на 10 и 11 септември во швајцарскиот град Женева е донесена одлука за формирање на заедничка работна група за преговори за формирање на Уставен комитет кој ќе го изработи нацртот на новиот устав на Сирија

Турција, Русија и Иран се договорија за формирање заедничка работна група за новиот устав на Сирија

Делегациите на Турција, Русија и Иран на состанокот под надзор на Обединетите нации (ОН) во Женева одлучија да формираат заедничка работна група за преговори за формирање на Уставен комитет кој ќе го  изработи нацртот на новиот устав на Сирија.

Според добиени информации од дипломатски извори, на одржаните разговори за Уставниот комитет на 10 и 11 септември во швајцарскиот град Женева е донесена одлука за формирање на заедничка работна група.

Заедничката работна група за која станува збор ќе се состои од експерти и од трите земји (Турција, Русија и Иран) и ќе ги олесни преговорите со Обединетите нации (ОН) во врска со формирањето на Уставниот комитет за Сирија.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи претходно беше споделена информацијата дека процесот ќе биде продолжен со разговори на техничко ниво меѓу гаранторските земји од процесот од Астана.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура во петокот ќе оствари разговори со претставниците на групата земји која се нарекува „мала група“ составена од Египет, Франција, Германија, Јордан, Саудиска Арабија, Англија и САД.

Мистура во своето обраќање што ќе го одржи на 18 септември пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе ги информира земјите членки на Советот во врска со одржаните дводневни разговори во Женева.

Процесот за политичко решение кој се води во рамките на резолуцијата на Советот за безбедност Обединетите нации (ОН) под број 2254, а со цел ставање крај на граѓанската војна во Сирија која што продолжува повеќе од 7 години, содржи 4 главни наслови како што се формирање на транзициска власт, подготвување на устав, одржување на избори и водење борба против тероризмот.

Инаку, на Конгресот за сириски национален дијалог кој се одржа на 29 и 30 јануари во рускиот град Сочи беше одлучено да се формира комитет од чија страна ќе биде изготвен новиот устав на Сирија.



Слични вести