Шојгу: Со Кина постигнавме согласност за одржување редовни заеднички воени вежби

Кинескиот министер Фенге рече дека воената соработка меѓу двете земји е ефикасна и стратешка

Шојгу: Со Кина постигнавме согласност за одржување редовни заеднички воени вежби

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека со Кина постигнале согласност за одржување редовни заеднички вежби.

Според веста на агенцијата ТАСС, рускиот министер за одбрана Шојгу на полигонот Цугол каде што се доржува воената вежба Восток-2018 оствари средба со кинескиот колега Веи Фенге.

Шојгу подвлече на руско-кинеската воена соработка во рамките на вежбата Восток-2018 година, потенцирајќи постигнале согласност за одржување редовни заеднички воени вежби.

Кинескиот министер Фенге рече дека воената соработка меѓу двете земји е ефикасна и стратешка.

Русија на годинашнава воена вежба Восток-2018 оствари најголемо учество на воен персонал на вежбите во својата историја. На вежбата учествуваа над 300 илјади војници, над илјада авиони, хеликоптери, беспилотни летала, 36 илјада тенкови, оклопни возила и други воени технички средства и 80 бродови.

На вежбата учествуваат и припадници на вооружените сили на Кина и Монголија.



Слични вести