Путин на Јапонија и предложи да потпишат безусловен договор за мир

Советскиот сојуз во 1949 година по окупацијата на наведените острови ги протера сите јапонски граѓани

abe-cinping-putin.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин на Јапонија и предложи до крајот на годинава да потпишат безусловен договор за мир.

Путин на 4-от Форум за економијата на исток во Владивосток во освртот на преговорите со јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека на Јапонија и предложил мир.

Путин за време на преговорите рече: Ајде да потпишеме мировен договор, но не сега веднаш туку до крајот на годинава и тоа без никакви предуслови, дури потоа да седнеме и пријателски да изнајдеме решение на сите проблеми и прашања.

Русија и Јапонија по Втората светска војна поради недоразбирањата во врска со териториите кои од страна на Русија се нарекуваат Курилски острови, додека од страна на Јапонија - Северни предели, не можеа да потпишат официјален мировен договор.

Советскиот сојуз во 1949 година по окупацијата на наведените острови ги протера сите јапонски граѓани.

Преговорите за постигнување и потпишување мировен договор кои започнаа во 2914 година беа замрзнати поради кризата со Украина.

Наведените острови во пацифичкиот океан се состојат од островите Итуруп, Кунашири, Шикотан и Хабомаи.



Слични вести