Ники Хејли пред СБ на ОН:Русија и Асадовиот режим во Идлиб реализираа повеќе од 100 воздушни напади

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Ники Халеј  во своето обраќање пред Советот истакна дека Русија и Асадовиот режим во Идлиб реализираа повеќе од 100 воздушни напади

Ники Хејли пред СБ на ОН:Русија и Асадовиот режим во Идлиб реализираа повеќе од 100 воздушни напади
Ники Хејли пред СБ на ОН:Русија и Асадовиот режим во Идлиб реализираа повеќе од 100 воздушни напади
Ники Хејли пред СБ на ОН:Русија и Асадовиот режим во Идлиб реализираа повеќе од 100 воздушни напади

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Ники Халеј  во своето обраќање пред Советот истакна дека Русија и Асадовиот режим во Идлиб реализираа повеќе од 100 воздушни напади.

Халеј рече: „Русија, Иран и Асадовиот режим не се заинтересирани за политичко решение. Турција тоа го разбра минатата недела. Таа побара да се постигне прекин на огнот меѓутоа Русија и Иран не го прифатија овој предлог на Турција.“ 

На барање на Русија Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одржа седница за разгледување на резултатите од одржаниот троен самит во петокот во Техеран меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, руѕскиот претседател Владимир Путибн и иранскиот претседател Хасан Руханим, како и на случувањата во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Ники Халеј  во своето обраќање пред Советот истакна дека Русија и Асадовиот режим во Идлиб реализираа повеќе од 100 воздушни напади.

Халеј рече: „Русија, Иран и Асадовиот режим не се заинтересирани за политичко решение. Турција тоа го разбра минатата недела. Таа побара да се постигне прекин на огнот меѓутоа Русија и Иран не го прифатија овој предлог на Турција.“ 

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија пак во својот говор го информираше Советот во врска со резултатите од одржаниот троен самит во Техеран.

Небензија истакна дека во Идлиб се наоѓаат десетици илјади членови на Ал Нусра и терористичката организација ДЕАШ и дека Русија, Иран и Турција постигнаа едногласност по прашањето на исчистување на терористичките остатоци во цела Сирија.

Велејќи дека за кризата во Сирија не постои друга алтернатива надвор од политичкото решение, Небензиа рече: „Постои потреба од итно одделување на вооружените опозиционери кои донесоа одлука за изнаоѓање политичко решение од терористите и овој повик е до сите членки на меѓународната заедница.“

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија го додаде и тоа дека трите гаранторски земји од процесот од Астана водат консултации со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура во Женева за формирање во најскоро време Уставниот комитет за Сирија.

Небензија напомена дека на одржаниот троен самит во Техеран беше разговарано и за повторната изградба на Сирија и дека условите за оваа состојба се погодни, а воедно подвлече дека во Сирија постои потреба од хуманитарна помош, исчистување на мините и повторната изградба на инфраструктурата, но рече дека Западот врши политичка уцена по ова прашање.

Пртивлекувајќи внимание дека меѓу прашањата за кои што беше разговарано се наоѓаше и враќањето на сириските бегалци назад во нивните домови, Небензија рече: „Како што е познато сириската влада даде безбедносни гаранции. работиме со Турицја и Иран да се одржи меѓународна конференција за враќање на сириские бегалци назад во нивните домови.“

Небензија додаде дека следниот состанок на трите гаранторски земји од процесот од Астана ќе се одржи во Русија.



Слични вести