Напад на ресторан со возило-бомба во провинцијата Салахадин во Ирак: Има загинати и ранети

Според добиени информации од безбедносни извори, на еден ресторан во населеното место Хаџаџ северно од градот Тикрит во провинцијата Салахадин беше реализиран напад со возило-бомба во кој загинаа 6 лица, а 42 лица се ранети

Напад на ресторан со возило-бомба во провинцијата Салахадин во Ирак: Има загинати и ранети

Во бомбашки напад чија цел беше еден ресторан во провинцијата Салахадин во северниот дел на Ирак животот го загубија 6 лица, а 42 лица се ранети.

Според добиени информации од безбедносни извори, на еден ресторан во населеното место Хаџаџ северно од градот Тикрит во провинцијата Салахадин беше реализиран напад со возило-бомба.

Портпаролот на ирачкото министерство за здравство Сејф ал-Бедир во објавеното писмено соопштение истакна дека во нападот загинаа 6 лица, а 42 лица се ранети.

Во подрачјето меѓу провинцииите Киркук-Салахадин-Дијала кое од страна на ирачките безбедносни сили се дефинира како „триаголник на смртта“ повремено се реализираат терористички напади на чија цел се поставуваат особено цивилите.

Ирачката армија, провинцијата Салахадин која во јуни 2014 година премина во рацете на терористичката организација ДЕАШ ја поврати на крајот на 2015 година.



Слични вести