Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 19 лица, а 57 лица се ранети

Лице кое се вмешало меѓу насобраните кои протестирале против владата во областа Дехкаи во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан ја експлодирало бомбата на себе и во самоубиствениот напад животот го загубиле 19 лица, а 57 лица биле ранети

Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 19 лица, а 57 лица се ранети

Во реализиран самоубиствен напад во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан животот го загубија 19 лица, а 57 лица се ранети.

Портпаролот на губернијата на Нангархар Атаулах Хогјани истакна дека лице кое се вмешало меѓу насобраните кои протестирале против владата во областа Дехкаи ја експлодирало бомбата на себе.

Притоа Хогјани рече дека во нападот животот го загубиле 19 лица, а 57 лица биле ранети.

Истиот функционер напомена дека демонстрантите протестирале против владата поради насилното однесување на некои команданти на безбедносните чувари во нивните села.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести