СБ на ОН во петок ќе одржи вонредна седница посветена на случувањата во Идлиб во Сирија

Во воздушните напади на режимот на Сирија и Русија на Идлиб и Хама, само во последната недела дена над 30 илјади лица беа принудени да ги напуштат домовите

СБ на ОН во петок ќе одржи вонредна седница посветена на случувањата во Идлиб во Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) ќе одржи вонредна седница посветена на случувањата во Идлиб во Сирија како и резултатите од средбата на лидерите на Турција, Русија и Иран што се одржа во петок во Техеран.

Според дипломатски извори од ОН, Русија поднесе барање за одржување седница на СБ на ОН за информирање за последната состојба во Идлиб.

Денес во 11.00 часот (според турско време во 18.00 часот) СБ на ОН ќе одржи посебна седница посветена случувањата во Идлиб на која исто така ќе бидат разгледани и резултатите од средбата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Според ОН, во воздушните напади на режимот на Сирија и Русија на Идлиб на северозападната страна на земјата и Хама во средишниот дел како и поради вооружените судири кои се во постојан подем, само во последната недела дена над 30 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови, а голем број лица загинаа.



Слични вести