ОН предупредија дека во Идлиб во Сирија можат да се доживеат најголемите загуби во 21-от век

Обединетите нации (ОН) предупредија дека во градот Идлиб во Сирија може да се доживееат најголемите загуби во 21-от век

ОН предупредија дека во Идлиб во Сирија можат да се доживеат најголемите загуби во 21-от век

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок на конференцијата за претставниците на печатот што ја држа во канцеларијата на ОН во Женева рече: „Би требало да постојат патишта за справување со проблемот во Идлиб без претходно наредните неколку месеци да се преобразат во најлоша човечка катастрофа и да се доживеат најголемите човечки загуби во 21-от век. Сите преминавме во аларм за Идлиб. Сакам да потцртам колку е опасен овој момент за народот во Идлиб.“

Појаснувајќи дека во Идлиб живеат приближно 4 милиони цивили од кои 2 милиони имаат потреба од хуманитарна помош, Лоукок нагласи дека не може да се дозволи да дојде до многу големи цивилни загуби во градот и дека се располага со детални планови и против евентуалниот бегалски бран во Идлиб.

Лоукок прогнозира дека во случај на евентуален напад во Идлиб ќе се иселат 800 илјади цивили и ја сподели информацијата дека во резервите на Светската програма за храна (ВФП) има готова храна за 850 илјади цивили доволна за една недела.

Велејќи дека се реализирани подготовките во однос на можноста цивилите во големи групи да се иселат кон различни области во подрачјето на градот Идлиб, Лоукок рече дека во тие рамки минатата недела беа остварени разговори со Асадовиот режим и сириската Црвена полумесечина.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич пак на одржаниот дневен брифинг за печатот истакна дека чувствуваат загриженост од состојбата и безбедноста на 2 милиони цивили во Идлиб каде што се интензивираат судирите. 

Велејќи дека во воздушните напади кои што се интензивирани во последните денови во Идлиб во северозападниот дел и во Хама во централните делови на Сирија животот го загубија голем број лица, Дујарич напомена дека во областите каде што се реализираат воздушните напади во периодот од 1 до 9 септември беа принудени на иселување повеќе од 30 илјади лица. 

Дујарич истакна дека лицата кои се принудени на иселување заминуваат на места блиску до границата со Турција и дека преку Турција продолжува да се доставува хуманитарна помош во ова подрачје.

Стефан Дујарич воедно ги повика сите страни во Сирија да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на цивилите и цивилната инфраструктура.



Слични вести