Израелските поморски сили врз активистите интервенираа со вистински куршуми и солзавец

Дел од повредените потпаднаа под неповолното влијание на гасот што го употребија израелските војници, поради што 10 лица беа префрлени на хоспитализација во болница

israil denizden mudahale1.jpg
israil denizden mudahale2.jpg
israil denizden mudahale2.jpg
israil denizden mudahale1.jpg

Израелските поморски сили врз Палестинските активисти кои по 7-ми пат се обидоа да ја пробијат блокадата врз Газа, интервенираа со вистински куршуми и солзавец.

Во рамките на 7-та поморска акција за пробивање на израелската блокада врз Газа  Националното движење за пробивање на блокадата врз Газа која Израел ја спроведува од 2006-та година наваму, 20 кајчиња од рибарската скела запловија во Средоземното море.

Акцијата беше подржана и од страна на Палестинците кои се собраа на крајбрежјето. Кајчињата кои пренесуваа голем број лица во моментот кога се приближија до израелските територијални води, израелските поморски сили почнаа да отвораат оган.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за здравство на Газа, израелските војници врз Палестинците кои учествуваа во акцијата за пробивање на блокадата интервенираа со вистински куршуми и солзавец. Во интервенцијата беа повредени 49 лица од кои еден новинар.

Во соопштението беше истакнато дека дел од повредените потпаднаа под неповолното влијание на гасот што го употребија израелските војници, поради што 10 лица беа префрлени на хоспитализација во болница.



Слични вести