Русија и Асадовиот режим во Идлиб и во Хама бомбардираа цивилни населени места и едно училиште

Русија и Асадовиот режим од утринските часови реализираат воздушни напади на областите Хабит, Џерџеназ, Хиш, Темениа во јужниот дел на градот Идлиб и на областа Латамне кај градот Хама каде што се бомбардирани цивилни населени места и едно училиште

Русија и Асадовиот режим во Идлиб и во Хама бомбардираа цивилни населени места и едно училиште
Русија и Асадовиот режим во Идлиб и во Хама бомбардираа цивилни населени места и едно училиште
Русија и Асадовиот режим во Идлиб и во Хама бомбардираа цивилни населени места и едно училиште

Според добиени информации од локални извори, воени авиони на Русија и Асадовиот режим, како и хеликоптери на режимот од утринските часови реализираат воздушни напади на областите Хабит, Џерџеназ, Хиш, Темениа во јужниот дел на градот Идлиб и на областа Латамне кај градот Хама.

Во нападите се ранети 17 цивили.

Меѓу нив има и две деца кои биле ранети во реализираниот воздушен напад на едно училиште во месноста Џерџеназ.

Во реализираните воздушни напади од страна на режимот на Бешар Асад и Русија во градот Идлиб во северозападниот дел и во градот Хама во централните делови на Сирија се ранети 17 цивили.

Според добиени информации од локални извори, воени авиони на Русија и Асадовиот режим, како и хеликоптери на режимот од утринските часови реализираат воздушни напади на областите Хабит, Џерџеназ, Хиш, Темениа во јужниот дел на градот Идлиб и на областа Латамне кај градот Хама.

Во нападите се ранети 17 цивили.

Меѓу нив има и две деца кои биле ранети во реализираниот воздушен напад на едно училиште во месноста Џерџеназ.

Директорот за цивилна одбрана (Белите шлемови) Мустафа Хаџ Јусуф го истакна следното: „Во воздушните напади реализирани од утринските часови досега се ранети 17 цивили од кои мнозинството го сочинуваат жени и деца.“

Функционерите на авионската опсерваторија на опозиционерите во објавата во врска со нападите преку социјалните медиуми го истакнаа следното: „ Воени авиони на Русија кои полетаа од воената база Хмејмим и воени авиони и хеликоптери на Асадовиот режим реализираа воздушни напади на цивилните населени места и фронтовите линии на опозиционерите во градот Хама и на југот на градот Идлиб. Училиштето во месноста Џерџеназ го погодија воени авиони на Асадовиот режим.“

Воените авиони и хеликоптерите продолжуваат со воздушните напади.

Според извори за цивилна одбрана, во нападите од воздух и копно кои што се реализираат од почетокот на овој месец во западниот и југозападниот дел на градот Идлиб и северниот дел на градот Хама животот го загубија 29 цивили, а најмалку 71 цивил се ранети.

За време на овие воздушни напади се доведени во неупотреблива состојба еден центар за цивилна одбрана во месноста Кеферзита и една подземна болница во селото Хас во северниот дел на градот Хама и една болница во месноста Латамне во руралното подрачје на градот Хама.

И покрај тоа што некои области во подрачјето на градот Идлиб и околината во северозападниот дел на Сирија кои се наоѓаат под контрола на вооружените опозиционери и вооружените групи противници на режимот на одржаниот состанок во Астана на 4 и 5 мај 2017 година беа прогласени како „зони за намалување на затегнатоста“, сирискиот режим а повремено и Русија продолжуваат да реализираат воздушни напади на овие области.



Слични вести