Неидентификувани лица извршија напад на џамија во Германија

Полицијата во Делменхорст соопшти дека на ѕидовите на џамијата Селимије во градот Нордемхам во покраината Долна Саксонија во Германија биле напишани погрдни зборови со црна боја и биле фрлени различни производи од свинско месо

Неидентификувани лица извршија напад на џамија во Германија

На џамијата Селимије на Турската исламска заедница за Верски прашања (ДИТИП) во градот Нордемхам во покраината Долна Саксонија во Германија беше извршен напад од страна на неидентификувани лица.

Во објавеното соопштение од страна на полицијата во Делменхорст се истакнува дека на ѕидовите на џамијата која се наоѓа на улицата Валтер-Ратхенау биле напишани погрдни зборови со црна боја и биле фрлени различни производи од свинско месо.

Во соопштението се наведува дека полицијата започнала истрага во врска со случајот.

Членот на Управниот одбор на Здружението на џамијата Селимије Идрис Аксут исто така во објавеното соопштение објасни дека синоќа по клањање на намазот јација ја заклучиле џамијата и отишле дома по што рече: „Не забележавме нешто кое што би го привлекло нашето внимание. Грозниот напад бил извршен околу 04:00 часот утрово. Во нападот од страна на неидентификувано лице или неидентификувани лица биле напишани погрдни зборови на ѕидовите на нашата џамија која во скоро време беше обновена и избоена, биле фрлени производи колбаси и мелено месо од свинскомесо.“

Велејќи дека го осудуваат овој настан, Аксут рече: „Оние кои сакаат да не застрашат на нашиот пат нема да успеат во тоа.“

Идрис Аксут напомена дека снимките од безбедносните камери на џамијата и биле предадени на полицијата и посака полицијата за најскоро време да го обелодени случајот.



Слични вести