ЕУ ги предупреди Асадовиот режим и Русија за разурнувачките последици на нападите во Идлиб и Хама

Портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич потсети дека и претходно беше доставено предупредување за стопирање на воените операции и ги предупреди Асадовиот режим и Русија за разурнувачките последици од нападите во подрачјата на градовите Идлиб и Хама

ЕУ ги предупреди Асадовиот режим и Русија за разурнувачките последици на нападите во Идлиб и Хама

Европската унија (ЕУ) предупреди дека воздушните напади кои што ги реализираат режимот на Бешар Асад и Русија во градот Идлиб северозападниот дел и градот Хама во централните денови на Сирија ќе вродат разурнувачки хуманитарни последици.

Портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич потсети дека и претходно беше доставено предупредување за стопирање на воените операции во подрачјето на градот Идлиб.   

„Нападите ќе предизвикаат разурнувачки хуманитарни последици и болки. Нашите разговори со соговорниците по ова прашање продолжуваат. Продолжуваме да ја поддржуваме иницијативата која што се води во склопот на Обединетите нации (ОН).“ - рече Коцијанчич.

Според извори за цивилна одбрана, во нападите од воздух и копно кои што се реализираат од почетокот на овој месец во западниот и југозападниот дел на градот Идлиб и северниот дел на градот Хама животот го загубија 29 цивили, а најмалку 71 цивил се ранети.

За време на овие воздушни напади се доведени во неупотреблива состојба еден центар за цивилна одбрана во месноста Кеферзита и една подземна болница во селото Хас во северниот дел на градот Хама и една болница во месноста Латамне во руралното подрачје на градот Хама.

Од друга страна во реализираните воздушни напади од страна на режимот на Бешар Асад и Русија денеска во градот Идлиб во северозападниот дел и во градот Хама во централните делови на Сирија, се ранети 17 цивили.

Според добиени информации од локални извори, воени авиони на Русија и Асадовиот режим, како и хеликоптери на режимот од утринските часови реализираат воздушни напади на областите Хабит, Џерџеназ, Хиш, Темениа во јужниот дел на градот Идлиб и на областа Латамне кај градот Хама.

Во нападите се ранети 17 цивили.

Меѓу нив има и две деца кои биле ранети во реализираниот воздушен напад на едно училиште во месноста Џерџеназ.

И покрај тоа што некои области во подрачјето на градот Идлиб и околината во северозападниот дел на Сирија кои се наоѓаат под контрола на вооружените опозиционери и вооружените групи противници на режимот на одржаниот состанок во Астана на 4 и 5 мај 2017 година беа прогласени како „зони за намалување на затегнатоста“, сирискиот режим а повремено и Русија продолжуваат да реализираат воздушни напади на овие области.

 



Слични вести