Национални проекти за безбедност и одбрана 04-2018

Националната одбрана и сателитите

Национални проекти за безбедност и одбрана 04-2018

Во врска со денешнава тема ви го пренесуваме коментарот на Таркан Зенгин, директорот за образование на синдикатот Турк харб-иш кој вели:

Државите вложуваат значајни инвестиции во одбранбениот сектор со цел да ги заштитат своите земји и граѓаните. Турција исто така е една од значајните земји во светот која инвестира во одбранбениот сектор со цел да се стекне со своето место во светската рамнотежа. Во 2014 година Турција се наоѓаше меѓу првите 15 земји во светот кои имаа најголеми воени трошоци. Во 2017 година Турција одвои 29 милијарди турски лири за одбранбената индустрија. Овие одбранбени трошоци изнесуваат 4,62 насто од буџетот на земјата. Како земја која се простира во мошне деликатна географија, сноси големи регионални ризици. Турција истовремено води беспоштедна борба против терористичките организации како што се ПКК, ПЈД/ЈПГ, ДЕАШ, ДХКП-Џ и низа други. Секако дека во рамките на борбата Турција е принудена да ги користи одбранбените производи и системи кои ги налага современата технологија. Турција во последно време фрли значајни чекори во развојот и усовршувањето на одбранбените производи и секој изминат ден се повеќе го зголемува нивото на тоа поле.

Со моделот на национално и домашно производство што започна во 2004 година во одбранбената индустрија, а кое ниво во тој период изнесуваше само 20 насто, денес стапката на домашни одбранбени производи се зголеми на 65. Стапката на производи од домашно производство особено во стратешките производи како што се беспилотните летала се зголеми на 90 насто. Со времето се искачивме на ниво на земја која што произведува низа различни одбранбени производи. На пример од аспект на производството на беспилотните летала камикази (Алпагу, Каргу) Турција е една од трите земји кои што ги произведува овие летала. Турција е една од земјите која што во технологијата на беспилотните летала може да произведува авионски платформи и системи, паметни бомби како и вооружени беспилотни летала. Турција се наоѓа меѓу првите шест земји од аспект на производството на наведените производи. Турција не произведува само за своите потреби, туку истовремено овие производи ги извезува во пријателските и сојузнички земји. Денес во светот извезуваме бродови, хеликоптери, оклопни возила, патролни бродови, беспилотни летала, воздушно-одбранбени системи, ракети, воено комуникациски и командно контролни системи.

Турција во 2002 година со буџет од 5,5 милијарди долари раководеше со 66 одбранбени проекти, додека денес оваа бројка се зголеми за 11 пати и достигна 60 милијарди долари. Исто така беше забележан подем и во бројот на одбранбените проекти за 9 пати. Денес Турција раководи со 600 проекти. На пример проектот национална пешадиска пушка денес се наоѓа во фаза на сериско производство. Нашата национална пушка моментално се користи од страна на Турските вооружен сили, жандармеријата и полицијата, како и телохранителите на високите бирократи. Само во последните 4 години, 46 вооружени беспилотни летала и системи од типот Бајрактар ТБ2 во борбата против тероризмот како и прекуграничните операции остварија над 60.000 илјади часови задача.

Националните сателити

Турција со посредство на сателитите се стекна со големо вселенско искуство. Сателитот за набљудување РАСАТ кој беше произведен во Турција од страна на турските инженери во вселената беше лансиран во 2011 година, сателитот за набљудување Ѓоктурк-2 во 2012 година, Ѓоктурк-1 во 2016 година. Наведените сателити успешно продолжуваат со своите задачи. Една од најголемите придобивки на овие сателити се снимките кои што ги снимаат од вселената и навремено им ги пружаат на Турските вооружени сили и безбедносните сили. Дополнително на тоа Турција го формираше Центарот за интеграција и тестирање на сателитските системи (УСЕТ). На овој простор за гради првиот национален сателит Турксат 6А кој што во орбитата се планира да се постави во 2020 година. Додека сателитот Ѓоктурк-1 требаше да се лансира поодамна, како последица на притисокот на Израел врз француската компанија, беше спречено лансирањето на сателитот. Сателитот Ѓоктурк-1 во вселената беше лансиран 4 години по лансирањето на сателитот Ѓоктурк-2. Најголема цел на овој сателит  беше обезбедување снимки со висока резолуција од сите подрачја на целиот свет без никакви ограничувања а кои ќе се користат во военото разузнавање. Камерите и некои критични електро-оптички делови на сателитот се набавуваа од Израел кој не сакаше Турција да поседува толку високи технолошки способности, поради што вршејќи притисок врз француската компанија, го спречи лансирањето на сателитот Ѓоктурк-1. Израел меѓудругото бараше сателитот кога ќе поминува да не може да го сними просторот на земјата. Турција бараше гаранција за неограничено снимање на сите простори. Со одбивањето на ова барање, Турција ја суспендира натамошната исплата. Со лансирањето на сателитот Ѓоктурк-2 од страна на Кина, чија опрема и софтвери беа направени од страна на турските инженери, француската компанија беше принудена да фрли чекор назад.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк рече дека Турската вселенска агенција ќе се формира во текот на оваа година. Турската вселенска агенција ќе се бави со координација на вселенските проекти, обучувањето на персоналот кој ќе работи во остварувањето на овие проекти, обучување на турските астронаути. Министерството за индустрија и технологија соопшти дека во рамките на 100 дневната програма, агенцијата се предвидува да се формира во текот на годинава, а исто така да завршат и активностите за организирање. Министерот Варанк меѓудругото рече дека ќе се воспостави координација меѓу Турската вселенска агенција и активностите кои што се водат на национално ниво во вселенската технологија, а исто така ќе се раководат и меѓународните односи. Формирањето на агенцијата има големо значење за координација на сите активности кои што се водат на тоа поле.

Тоа беше коментарот на Таркан Зенгин, директорот за образование при синдикатот Турк харб-иш посветен на Националната одбрана и сателитите.



Слични вести