Бившиот амбасадор на САД во Анкара Џејмс Џефри стана специјален претставник за Сирија

Бившиот амбасадор на САД во Анкара Џејмс Џефри кој претходно велеше дека грижите на Турција во однос на ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се праведни, стана специјален американски претставник за Сирија

Бившиот амбасадор на САД во Анкара Џејмс Џефри стана специјален претставник за Сирија

Поранешниот амбасадор на САД во Анкара Џејмс Џефри истакна дека Турција е праведна во тоа што чувствува загриженост во врска со ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Џефри како личност која смета дека е погрешно тоа што терористичките организации се користат од страна на управата на САД рече: „Нема сомневање во тоа дека ПЈД е сириски огранок на ПКК. Оваа вистина беше соопштена пред две години во Сенатот на САД, се истакнува и со извештајот за земји на Централната разузнавачка агенција ЦИА. Тоа претставува вистина.“

Џејмс Џефри во интервјуто што го даде претходно за Турската радио и телевизија ТРТ пак истакна дека треба да се земат во предвид грижите на Турција по прашањето со Сирија.

Џефри рече: „Ја разбирам налутеноста на Турција. Оваа лутина не произлегува само од тоа што од 1984 година досега дадоа како жртви 40 илјади свои граѓани во тероризмот на ПКК. Произлегува и од тоа што САД не го одржаа своето ветување во врска со ПЈД/ЈПГ. На почетокот тоа беше за привремено и тактички. Меѓутоа тоа се претвори во долгорочно партнерство. Турција пак природно рече ’момент, што се случува’.“

Поранешниот амбасадор на САД во Анкара Џејмс Џефри стана специјален американски претставник за Сирија.

Сега буди интересирање дали Џефри кој ќе ги води и преговорите со регионалните земји, ќе ги продолжи овие негови претходни размислувања во врска со Сирија.



Слични вести