Бројот на жртвите при рушење на мостот во Џенова во Италија се зголеми на 35 лица

Бројот на жртвите при рушење на мостот (надвозникот) Моранди кај градот Џенова во Италија се зголеми на 35 лица, 13 лица се тешко повредени, 10 лица се водат како исчезнати, а од под урнатините се спасени живи четири лица

italya kopru.jpg
italya köprü.jpg
italya kopru cokme.jpg
italya köprü.jpg

Бројот на загинатите при рушење на мостот (надвозникот) Моранди на автопатот А-10 во близина на градот Џенова во Италија до кое дојде вчера се зголеми на 35 лица.

Од под урнатините на мостот се спасени живи четири лица, додека активностите за пребарување и спасување продолжуваат.

Како што се истакнува, во оваа несреќа некои лица останаа затрупани под рушевините на мостот кој се сруши над зградите во кои живееја, додека некои лица беа затруени од пожарот што се појави по рушењето на мостот.

Во оваа страотна несреќа се вели дека се тешко повредени 13 лица, а 10 лица се водат како исчезнати.

Како што се дознава експерти за магистрални патишта вршат контроли во останатиот дел на мостот кои што не беа срушени.

Се мисли дека мостот можеби се урнал поради недоволната стабилност на конструкцијата, меѓутоа дека во тоа можеби ималe влијание и силниот дожд и бурата.

Еден очевидец истакна дека мостот се срушил по удар на гром.

Според објавеното соопштение од локалната управа на Џенова, пред ризикот од рушење и на останатите делови од мостот се евакуирани приближно 11.440 лица од околината.

Во меѓувреме, според веста на италијанската новинска агенција АНСА заменик-министерот за транспорт Едоардо Рикси изјави дека мостот ќе биде целосно срушен и рече: „Ќе има сериозни последици над сообраќајот и ќе претставува проблем и за граѓаните и фирмите, меѓутоа мостот Моранди мора целосно да се сруши. Освен тоа еден таков мост не може да се сруши поради гром или бура, треба да се пронајдат виновните во овој случај.“ 

Мостот (надвозникот) Моранди кај градот Џенова е изграден во 1960 година, а во 2016 година е реконструиран.

 



Слични вести