Санкциите на САД „нов непријателски чекор“

Наспроти тврдењата на САД, Русија ги уништи сите хемиски оружја во инвентарот

Санкциите на САД „нов непријателски чекор“

Русија обавезно ќе одговори на новите американски санкции кои што ги започнаа во врска со случајот Скрипал во Британија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова рече дека одлуката за последните санкции на Вашингтон е нов непријателски чекор.

Тоа не се фантазии на Русија туку соодветни санкции кои имаат карактеристика на одговор. Русија секако дека ќе одговори на американските санкции. Одговорот на Москва ќе биде обликуван според сето она што го монтираа американските сенатори и политичкото лоби.

Захарова одговори на прашањата во врска со тврдењата за вклученоста на Русија во случајот во Солсбери и рече дека наспроти овие тврдења на САД, Русија ги уништи сите хемиски оружја во инвентарот.

Покрај овој факт, сите наведени обвинувања се неосновани и апсурдни, рече Захарова.

Рускиот агент Скрипал за кого беше утврдено дека работел за британската разузнавачка служба МИ6, откако беше осуден во рамките на размената на агентите заедно со ќерка му беа испратени за Британија. На 4 март беа пронајдени онесвестени на една клупа во Солсбери. Хоспитализацијата на таткото и ќерката кои беа пуштени од болница продолжи во домашни услови.

Британија соопшти дека на крајот на истражувањето за труењето на Скрипал и ќерка му беше утврдено дека биле отруени со хемиско средство кое беше произведено од страна на Русија и ефикасно делува врз нервниот систем. Оваа хемиска супстанција во 1970-те и 1980-те години беше усовршена од страна на Русија и спаѓаше во групата Новичок.



Слични вести