Постигнат прекин на огнот помеѓу Израел и палестинските групи

Израел и палестинските групи на чело со Хамас со посредување на Египет постигнаа прекин на огнот кој што стапи на сила почнувајќи од синоќа од 22:45 часот по локално време

Постигнат прекин на огнот помеѓу Израел и палестинските групи

Постигнат прекин на огнот помеѓу Израел и палестинските групи на чело со Хамас.

Прекинот на огнот кој што стапи на сила почнувајќи од 22:45 часот според локално време беше посигнат со посредување на Египет.

На тој начин во последните два месеци со посредување на Египет по петти пат е постигнат прекин на огнот помеѓу Израел и палестинските групи. 

Во веста на израелскиот весник „Једиот Ахронот“ ослонувајќи се на еден израелски извор се вели дека доколку ноќта помине мирно и Израел ќе ја зачува својата смиреност, додека доколку биде истрелана ракета ќе одговори.

Воедно и израелската телевизија Канал 2 ослонувајќи се на еден висок функицонер соопшти дека ќе се делува во правец на „принципот на смиреност, наспроти смиреноста“.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија истао така беше истакнато дека израелските воени авиони од среда вечер наваму погодија повеќе од 150 цели во Газа и дека наспроти тоа од Газа врз Израел беа истрелани 180 ракети.  

Портпаролот на палестинското министерство за здравство во Газа Ешреф ел-Кудра во објавеното писмено соопштение истакна дека во нападите кои што ги реализира Израел на Газа животот го загубија тројца Палестинци меѓу кои се наоѓаат и една бремена жена и нејзиното едно и пол годишно бебе, а 30 Палестинци беа ранети.



Слични вести