Ирак одби да ги спроведува санкциите на САД врз Иран

Портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи Ахмет Махџуб истакна дека Ирак го отфрлува секој вид на ембарго кое што се спроведува врз било која земја и му наштетува на народот на таа земја со сите негови средини

Ирак одби да ги спроведува санкциите на САД врз Иран

Ирак одби да ги спроведува санкциите на САД врз Иран.

Портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи Ахмет Махџуб во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Ирак го отфрлува секој вид на ембарго кое што се спроведува врз било која земја и му наштетува на народот на таа земја со сите негови средини. Нема да го заборавиме и поносниот став на нашиот сосед Иран кој во кризата стоеше покрај нас.“

Велејќи дека штетата која што и се нанесува на било која земја ќе се прошири негативно на безбедноста и стабилноста на целиот регион, Махџуб рече: „Ја цениме помошта на Исламска Република Иран во борбата на Ирак против тероризмот. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги одврати САД од нивната одлука за санкции. Тоа ќе има големи негативни влијанија врз Ирак како соседна земја и врз целиот регион, во економска и социјална смисла.“ 

Во меѓувреме и во соопштението на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр по ова прашање се изнесува следната проценка: „И доколку САД не би се откажале од нивната одлука ние нема да седиме со вкрстени раце пред штетата која што им се нанесува на народите.“

Ирачкиот претседател Фуад Масум исто така претходно изјави дека ќе биде тешко неговата земја да се придржува кон санкциите на САД врз Иран.



Слични вести