Франција го осуди порастот на насилството помеѓу Израел и Појасот Газа

Во објавеното писмено соопштение од француското министерство за надворешни работи се истакнува дека Франција го осудува порастот на насилството помеѓу Израел и Појасот Газа

Франција го осуди порастот на насилството помеѓу Израел и Појасот Газа

Франција го осуди порастот на насилството помеѓу Израел и Појасот Газа.

Во објавеното писмено соопштение од француското министерство за надворешни работи се истакнува дека процесот во кој Израел погоди голем број места на Појасот Газа под блокада и како одговор на тоа беа истрелани ракети од Газа ја изнесува итната потреба за изнаоѓање на трајно политичко решение за Газа.

Во соопштението се упатува повик за придржување кон постигнатиот прекин на огнот и до двете страни, а за да не би дошло до нови цивилни загуби и се вели следното: „Овие настани ја изнесуваат итната потреба за изнаоѓање на трајно политичко решение за Газа и давање на ефикасен одговор на хуманитарната криза која што влијае на палестинското население.“

„Оваа потреба пак, би можела да се обезбеди само со укинување на израелската блокада и со враќање на палестинската влада целосно во Газа“, се наведува во соопштението и се напоменува дека Франција заедно со нејзините европски партнери ќе ги поддржува работите кои што ќе се реализираат во оваа насока. 

Инаку, во објавеното писмено соопштение од израелската армија беше истакнато дека израелските воени авиони од среда вечер наваму погодија повеќе од 150 цели во Газа и дека наспроти тоа од Газа врз Израел беа истрелани 180 ракети.  

Во нападите кои што ги реализира Израел на Газа животот го загубија тројца Палестинци меѓу кои се наоѓаат и една бремена жена и нејзиното едно и пол годишно бебе, а 30 Палестинци беа ранети.

 



Слични вести