Актуелно 31-2018

Состанокот на Трамп и Путин во Хелсинки

Актуелно 31-2018

Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин имаше големо значење од низа аспекти. Имено односите меѓу двете земји во последно време многу се затегнаа. Главна тема на средбата Путин – Трамп беше нуклеарното вооружување, руската интервенција на претседателските избори во Америка, енергетските политики, случувањата во Сирија и Кина.

Во периоди кога доаѓаше до затегнување на  односите меѓу поранешниот Советски Сојуз и САД, за преговори се избираше Финска како неутрално место. Трамп и Путин согласно оваа традиција, средбата ја остварија во Финска. Средбата која се одржа под гостопримливоста на Финска имаше големо значење за целиот свет, не само за двете земји. По средбата која беше проследена од страна на голем број новинари, двајцата лидери одржаа прес конференција. Ставот и пораките на Трамп за време на прес конференцијата наидоа на остри критики на угледните американски новинари и политичари. Одговорот на американскиот претседател Трамп на прашањата во врска со руската интервенција врз претседателските избори во САД дека имал многу поголема доверба во декларациите на Русија како и критикувањето на американските установи пред рускиот претседател беа причина за многу големи реакции. Нешто потоа Доналд Трамп на состанокот во Хелсинки наместо „wouldn’t“ рече дека по грешка го употребил зборот „would“. Со тоа сакал да даде изјава со обратно сфаќање поради што ја ревидираше изјавата во Хелсинки.

Покрај тоа што реакциите на американската јавност ја засенчија средбата меѓу Трапм и Путин, сепак двајцата лидери разговараа за значајните меѓународну геополитички прашања. Размената на мислењата околу Кина може да се каже дека беше едно од најзначајното прашање на средбата. Одлуката на САД за спроведување на дополнителни даноци за кинеските производи кои што се увезуваат, а кои имаат карактер на казнени даноци и економска војна, беше причина за значајна затегнатост меѓу САД и Кина. На средбата во Хелсинки, САД и Русија меѓусебно го опипаа пулсот за евентуално партнерство против Кина. Исходот на средбата покажа дека Русија и САД се многу далеку од формирање евентуален пакт против Кина и дека на виделина не постои ваква идеја.

Случувањата во Сирија беше едно друго значајно прашање на средбата во Хелсинки. САД и Русија на маса ги поставија случувањата во Сирија и во тие рамки разменија мислења за безбедноста на Израел како и присуството на Иран на југот на Сирија. Владимир Путин во оваа прилика рече дека постои можност Израел и Сирија повторно да постигнат компромис врз основа на договорот од 1974 година. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД не може да го прифати присуството на Иран во Сирија, но исто така не даде никакви индиции во врска со евентуалните чекори што ќе ги преземат против Иран во Сирија.

Состанокот на двајцата лидери се одржа веднаш по Самитот на НАТО. Американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот на НАТО ја критикуваше Германија поради зависноста од Русија поради проектот Северен тек 2 и енергетските политики кои се поврзани за овој проект така што на прес конференцијата во Хелсинки рече дека тоа е одлука на Германија. Рускиот претседател Владимир Путин пред јавноста го повтори предлогот до Америка за заедничко утврдување на цената на природниот гас на меѓународниот пазар. Земајќи го во предвид фактот дека руската економија е зависна од извозот на природен гас, цената на енергијата на меѓународните пазари директно се одразува врз руската економија.

Едно друго значајно прашање на средбата во Хелсинки беше нуклеарното оружје. Имено САД и Русија поседуваат 90 насто од нуклеарното оружје во светот. На средбата на двајцата лидери беше постигната согласност за продолжување на постоечкиот договор меѓу САД и Русија за намалување на нуклеарното оружје во светот.

На состанокот во Хелсинки покрај тоа што во врска со поголемиот број од постоечките прашања не беше најдено решение, средбата на двајцата лидери на неутрална територија како и размената на мислења околу низа прашања претставува еден вид опипување на пулсот на меѓусебните односи.

Тоа беше коментарот на новинарот – истражувач Џан Аџун од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.



Слични вести