Повик од јорданските пратеници да се земе за пример Турција

Пратениците во јорданскиот Парламент упатија повик до премиерот Омер ер-Резаз да ја земе за пример Турција и да биде инспириран од Турција која формира власт составена од само 16 министерства

Повик од јорданските пратеници да се земе за пример Турција

Јорданските пратеници упатија повик до премиерот Омер ер-Резаз да ја земе за пример Турција и да биде инспириран од Турција.

Пратениците во јорданскиот Парламент говореа на седниците на Парламентот кои што се одржуваат за разгледување на владината програма посветена на министерските функции.

Притоа пратениците го критикуваа големиот број на министерства во владата и истакнаа дека по ова прашање треба да се земе за пример и инспирација Турција.

Јорданскиот пратеник Кемал ез-Загул во својот гово рече: „Се надевав премиерот Омер ер-Резаз да ја посети Турција, да му честита на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради успехот и да земе инспирација од него кој состави власт составена од само 16 министерства.“ 

Привлекувајќи внимание и кон тешкотиите кои што ги доживува јорданската влада со Светската банкас, Загул напомена дека очекува премиерот Резаз да се обиде да научи како Турција е дојдена во состојба да може да им даде долг на меѓународните финансиски институции.

Еден друг јордански партеник пак во својот говор привлече внимание на тоа дека Турција состави власт која ќе ги задоволува потребите на 80 милиони жители со 16 министерства.

 



Слични вести