Средба меѓу Трамп и Меркел во Брисел

Американскиот претседател Доналд Трамп во дадената изјава за новинарите во врска со средбата рече: „Реализиравме мошне добра средба. Имаме многу многу добри односи со канцеларката (Меркел).“

Средба меѓу Трамп и Меркел во Брисел

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел остварија билатерална средба во рамките на Самитот на НАТО во белгискиот главен град Брисел.

Трамп во дадената изјава за новинарите во врска со средбата рече: „Реализиравме мошне добра средба. Имаме многу многу добри односи со канцеларката (Меркел).“

Американскиот претседател Доналд Трамп односите на САД со Германија ги окарактеризира како „извонредни“ и истакна дека на средбата со Меркел разговарале за воените трошоци и трговски прашања.

Германската канцеларка Ангела Меркел пак ја сподели информацијата дека на средбата било поставено на дндвен ред и прашањето со миграцијата при што го употреби изразот „САД се добар партнер на Германија.“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Германија под изговор дека не ги зголемува одбранбените трошоци во врска со НАТО.

Освен тоа Трамп склучените нафтени и гасни договори на Германија со Русија ги прокоментира како „многу несоодветни“ и рече: „Германија и исплатува високи суми на Русија за енергијата. Затоа Германија е заробеник на Русија.“ 

Доналд Трамп на мета ја постави Германија и со објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која напиша: „Доколку Германија за нафта и енергија и дава милијарди долари на Русија како би можела да биде добрата страна на НАТО?“.



Слични вести