Протестен марш во Минхен во знак на сеќавање на жртвите на НСУ

Близу 4 илјади лица кои по соопштувањето на одлуката на Високиот покраински суд во Минхен се собраа пред судот, со слики на жртвите убиени од страна на неонацистичката Национал-социјалистичко подземје НСУ во своите раце маршираа кон градскиот центар

munih nsu yuruyus.jpg
munih nsu yuruyus1jpg.jpg
munih nsu yuruyus2.jpg

Во Минхен во Германија се одржа протестен марш во знак на сеќавање на 10-те убиени лица од кои 8 Турци во периодот од 2000 до 2007 година од страна на неонацистичката терористичка организација Национал-социјалистичко подземје (НСУ).

Близу 4 илјади лица кои по соопштувањето на одлуката на Високиот покраински суд во Минхен вчера се собраа пред судската зграда, со слики на жртвите убиени од страна на НСУ во своите раце маршираа кон градскиот центар.

На протестниот марш на кој узчествуваа и Адиле Шимшек сопругата на Енвер Шимшек убиен во 2000 година во Нурнберг и Елиф Кубашик сопругата и ќерката Гамзе Кубашик на Мехмет Кубашик убиен од страна на терористичката организација во 2006 година во Дортмунд, беше повторено барањето за обелоденување на убиствата на НСУ и врските на оваа неонацистичка терористичка организација.

Учесниците на протестниот марш извикуваа антирасистички слогани и упатија повик за затворање на внатрешната разузнавачка служба Агенцијата за заштита на Уставот (БФВ) која по убиствата на НСУ дојде во дискутабилна состојба.

Внимание привлекоа транспарентите кои што ги носеа учесниците на протестниот марш на кои пишуваше „Нема да се покрие!“, „НСУ да се обелодени“, „Рака за рака против расизмот“.

Од друга страна, на излегување од судот дојде и до затегнатост помеѓу една екстремнодесничарската група и една левичарска група кои беа дојдени за да го следат судењето.

Левоориентираната група покажа реакција против екстремнодесничарската група која носеше транспарент со поддршка на Андре Емингер кој со изненадувачка одлука на судот беше пуштен на ослобода.

Германската полиција интервенираше за да не дојде до зголемување на затегнатоста и инциденти.

Инаку, Високиот покраински суд во Минхен на последното рочиште на кое ја објави пресудата во врска со сдускиот процес што продолжува веќе 5 години и изрече казна доживотен затвор на Беате Чепе која беше соучесник во убиствата на НСУ и други кривични дела и член на терористичка организација. 

Ралф Вохлебен беше казнет со 10 години, Андре Емингер 2,5 години и Холгер Г. со 3 години затвор кои беше прогласени за виновни поради пружање помош и уточиште на терористичката организација НСУ.

Карстен С. кој за време на судскиот процес го призна кривичното дело кое што го извршил согласно законите за млади доби казна затвор во траење од 3 години.



Слични вести