Во Полска се урна хеликоптер

По несреќата на местото на настанот беа испратени пожарникарски и екипи на брза помош

Во Полска се урна хеликоптер

Во хеликоптерската несреќа во Полска загинаа 2 лица.

Според информациите кои беа објавени во медиумите на Полска, приватниот хеликоптер се урнал во подрачјето Ополе во југозападна Полска.

Во несреќата потешко било повредено едно лице кое исто така се наоѓало во хеликоптерот.

По несреќата на местото на настанот беа испратени пожарникарски и екипи на брза помош.



Слични вести